Момчето на Меган Фокс се лечи од зависност – „Тоа е многу тешко“

од Stefanija Kuzmanovska

Раперот Машин Ган Кели, момчето за кога Меган Фокс го напушти сопругот, откри дека тој започнал терапија за лекување на зависноста од дрога, се присети на употребата на опијати во минатото и како неговата сегашна партнерка му помогнала да се движи во подобра насока во животот.

Имено, 30-годишниот музичар и актер, чие вистинско име е Колсон Бејкер, започна да презема чекори да престане да консумира дрога и да започне повеќе да се грижи за себе и за своето здравје.

Открил дека е фрустриран и дека промената не се случува преку ноќ, па додава:

„Во моментов, мојот избор е среќата и посветеноста кон уметноста, а повеќе не сум посветен на порокот за кој верував дека е уметност. Преземам чекори“, започна тој.

Првата терапија ја имал минатиот четврток, па изјавил:

„Јас сум во почетна фаза. Алатките што ми ги дадоа изгледаат корисни. Но, јас сè уште се држам за глава. Зошто не се менувам преку ноќ? Како можам да медитирам десет минути кога не можам да бидам мирен ни две минути без нешто да ми го одвлекува вниманието. Тоа е многу тешко“, додаде тој.

Тој е многу благодарен за поддршката што ја пружаат неговата партнерка Меган Фокс и блискиот пријател Тревис Баркер.

Слични содржини