Моментот за кој сите зборуваат: Пит се шегуваше со Ди Каприо

На синоќешните доделувања на Златните глобуси Бред Пит замина со статуетка во раката и тоа онаа за најдобар спореден актер. Наградата му ја осигура улогата во деветиот филм на Тарантино. Последен пат, дома со Златен глобус си замина во 1996 година кога освои нагрда за улогата во 23 мајмуни.

Во својот говор Пит се заблагодари на режисерот Квинтен Тарантино, но и на својот колега Леонардо ди Каприо. По заблагодарувањата, тој додаде една мала шега и ја насмеа цела сала.

„Би поделил со тебе сплав“, рекол алудирајќи на сцената од Титаник во која Кејт Винслет останува на вратата која ја претвориле во сплав, додека Џек (Леонардо ди Каприо) се замрзнува.

Иако филмот излезе во далечната 1997 година, асправиите за тоа дали Џек може да застане на сплавот никогаш не престанаа. Се вклучија дури инаучници, коидошле до заклучок дека вратата би ја издржала тежината и на Роуз и на Џек.

Освен шегите со дикаприо, вниманието го украде и факто дека говорот на Пит од публика го следеше и негвата поранешна сопруга.

UsWeekly пишува дека Џенифер станала и ракоплескала кога го слушнала името на Бред, но и дека седнала пред сите. Бред потоа за време на говорот се пошегува и околу љубовниот живот, а камерите во тој момент се фокусирале на Џенифер во публика.

Слични содржини