Момировски: Недозволиво е здравствените власти да бидат под политичка контрола

од Nikola Popovski

Новинарот Горан Момировски за „Топ тема“ вели дека е недозволиво здравствените власти да бидат под контрола на политичките елити и дека наивно е да се верува дека ова е случајно. Тој посочува дека додека дел од политичките фактори велат дека се е во ред, денес имаме двајца починати, а вчера имавме тројца починати.

Околу комисијата, ако не си забележал денеска ја споменав Шеху потпретседателката на ДИК која побара од Комисијата за заразни болести да даде конкретни рамки во кои што ќе се објасни процесот за да може ДИК да превземе конкретни дејствија. Вториот момент е на лидерската средба, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара уште минатата средба Комисијата да се изјасни и да ги каже сите околности значи едно коректно барање би рекол за да Комисијата процени што ќе се случува. Од друга страна го имате лидерот на СДСМ кој што пред 10-тина дена даде една изјава во која го прејудицираше она што како заклучок наредниот ден го даде Комисијата за заразни болести“, вели тој.

За новинарот Борјан Јовановски, лидерските средби се издигнати на митска позиција и лидерите се тие кои договараат, анализираат и кажуваат дали нешто е добро по здравјето на граѓаните.

„Ако постои и она малку институциска култура во оваа земја, Комисијата за заразни болести во договор со ДИК треба да излезе со мислење и да каже кога и како ќе се одржат изборите, затоа што наесен не знаеме како ќе биде“, вели тој.

Слични содржини