МОН денес ги исплати редовните студентски и ученички стипендии предвидени за оваа календарска година

Денес се исплатеи средствата за месец април на сите корисници на стипендија, согласно новиот начин на динамика на редовната месечна исплата на ученичките и студентските стипендии, информираше Министерството за образование и наука.

„Исплатен е износ од околу 32 милиони денари на вкупно 9.047 корисници на сите видови стипендии за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Северна Македонија, како и студенти запишани на некои од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг листа“, соопштина од Министерството.

Министерството за образование и наука посочи дека воспоставената динамика на редовна месечна исплата на стипендии ќе продолжи да се реализира и понатаму, бидејќи е од голема важност за оние кои ги исполнуваат условите и го оствариле правото на стипендија. Велат дека се работи за средства кои се поддршка и упаредување на ученичкиот и студентскиот стандард, при што им помагаат на младите во процесот на образование и мотивација.

Слични содржини