МОН: Надминат предизвикот со превозот на учениците од Визбегово

од Nikola Popovski

Правото на образвание е основно човеково и уставно загарантирано право, така што ниту една причина не може да биде доволно издржана за истото да не се реализира. Секој предизвик може да се надмине со добра соработка помеѓу институциите на системот, а токму тоа денеска го потврдија Министерството за образование и наука и општините Бутел и Чаир, информираа денеска од МОН.

На координативен состанок помеѓу министерот за образование и наука Јетон Шаќири и градоначалниците на двете општини Дарко Костовски и Висар Ганиу, надминат бил предизвикот со кој се соочиле дел од учениците од Визбегово, кои, во недостиг на училишен објект во местото на живеење посетуваат настава во други училишта на територијата на овие две општини, а поради прекин на организираниот превоз, изминатите денови се снаоѓале индивидуално за да стигнат до своите училници.

-По конструктивна дискусија и изнесување низа предлози и сугестии за надминување на ситуацијата, Општина Бутел веќе го финансира организираниот превоз од Визбегово до ООУ “Исмаил Ќемали”, а Општина Чаир ќе продолжи да го финансира организирањето на превозот за учениците од Визбегово до ООУ “7 Марси” до крајот на учебната година, се додава во соопштението.

Слични содржини