МОН објави листа на бесплатни и слободни дигитални платформи и содржини за учење дома

од Берта Китинска

Министерството за образование и наука објави листа на бесплатни и слободни за користење дигитални платформи, апликации и содржини што може да бидат корисни за едукација на младите поради мерката за привремен прекин на воспитно-образовниот процес во државата.

-Основците и средношколците не одат на училиште, не посетуваат настава. Помалите од нив не посетуваат градинка. Но, тоа не значи дека образовната надградба треба да застане. Напротив, има многу начини како децата да продолжат да се едуцираат и во вакви вонредни околности, во домашни услови. Препорака на Министерството за образование и наука е да се практикува оваа листа на бесплатни и слободни за користење дигитални платформи, апликации и содржини што може да бидат корисни за едукација на младите. Образованието е процес, а не чин. Да им помогнеме на децата да продолжат со учење дома во периодот додека училиштата и градинките се привремено затворени. Потрудете се учењето на вашето дете онлајн да биде забавно и безбедно, наведува МОН.

Во продолжение интегрално ги пренесуваме препораките на МОН за кои извор е УНИЦЕФ:

Кога станува збор за учење на децата онлајн, родителите и старателите треба да запомнат секогаш:

Активно да учествуваат во учењето на своите деца. Да ја користат технологијата како една состојка од процесот на учење во кој има интеракција и со други луѓе, знаејќи дека технологијата сама по себе не може да го замени присуството и насочувањето на наставниците или родителите. Ова важи особено за помалите деца.

Да ги заштитат личните податоци на децата. Родителите и старателите треба да ги проверат дигиталните извори што ги користат децата и да ги избегнуваат оние што не изгледаат безбедно или оние каде се бара давање на детални лични податоци. Идентитетот на децата, нивната локација, националната или верска припадност не треба да бидат меѓу бараните информации за пристап до наставните ресурси.

Дигитални четива

УНИЦЕФ “Дружината МЕЛА“: онлајн сликовници на македонски и албански за предучилишни деца и помали деца што посетуваат основно образование. Сите сликовници може да се симнат од овде https://issuu.com/unicefmk

Чекор по чекор: Дигитални сликовници за раскажување на македонски, албански, турски и босански јазик за деца од предучилишна и училишна возраст, како и аудио сликовници на знаковен јазик и активности за дигитално учење. https://stepbystep.org.mk/en/biblioteka

Global Digital Library (Светска дигитална библиотека): Ја унапредува писменоста во пониските одделенија така што дава пристап до дигитални книги, приказни за деца и други четива на повеќе јазици. Може да се користи на компјутер. Повеќе информации се достапни на: https://www.digitallibrary.io/

StoryWeaver (Раскажувач): Дигитална база на повеќејазични приказни за деца. Може да се користи преку мобилен уред и компјутер. Повеќе информации се достапни на: https://storyweaver.org.in/

Наставни апликации

Учење јазици

Akelius: Апликација за учење јазици и интернет-платформа чиј фокус се децата кои сѐ уште не го зборуваат добро својот мајчин јазик, а имаат потреба да научат странски јазик. На мобилни уреди, компјутери и преку Google Play. Достапни јазици: грчки, англиски, француски, шведски. Може да се пристапи преку: https://www.akelius.com/en/language-course или апликацијата да се преземе преку Google Play.

Duolingo: Апликација за учење јазици до која се пристапува преку мобилен уред и компјутер. Достапна преку Google Play, App Store. Повеќе информации се достапни на: https://www.duolingo.com/

Основи на писменост и математика

Age of Learning (Доба на учење) (три производи: ABC Mouse, Reading IQ, Adventure Academy). Производи со кои се поттикнува писменост и учење математика од рана возраст; Adventure Academy како целна група има малку поголеми деца. Во одговор на КОВИД-19, оваа компанија на УНИЦЕФ му даде код за бесплатно преземање на производите за користење поради затворањето на училиштата. Достапно на англиски и (делумно) на шпански јазик.

Ако кодот AOFLUNICEF се внесе на следниве линкови, може да пристапите до секоја поединечна апликација. Слободно споделете во вашата заедница.

www.ABCmouse.com/redeem
www.AdventureAcademy.com/redeem
www.ReadingIQ.com/redeem

Подетален опис на секоја апликација во рамките на Age of Learning:

ABCmouse (АБЦглувче) Early Learning Academy’s ги опфаќа сите клучни образовни области, вклучувајќи читање и јазик, математика, природни науки, здравје, општествени науки, уметност и музика. ABCmouse е дизајниран за да го стимулира учењето кај децата, и вклучува над 11.000 наставни активности, при што секоја активност е поединечно осмислена за да ги привлече децата, а и да потпомогне во остварувањето на основните наставни цели. ABCmouse вклучува пристап до прилагодливи, засновани на игра програми Mastering Math (Совладување математика) и Mastering Reading (Совладување на читањето)

Adventure Academy (Авантуристичка академија) е образовна масовна интернет-игра со повеќе играчи за ученици од основни и средни училишта. Содржи илјадници интересни наставни активности кои се откриваат при трагањето низ интерактивниот виртуелен свет. Стручно дизајнирана за да обезбеди високо интерактивна образовна средина, апликацијата Adventure Academy се фокусира врз градење критички знаења и вештини по јазик, математика, општествени науки, природни науки и др.

ReadingIQ (Читачка интелигенција) е програма дизајнирана од експерти за унапредување на писменоста и поврзување на децата на возраст до 12 години со книги што се соодветни за нивното одделение и читачка способност. Од прекрасно илустрирани сликовници, преку популарни серии и стрипови, па сѐ до илустрирани приказни за деца, цртани романи и книги за различни наставни предмети, ReadingIQ претставува лична наставна библиотека која им помага на децата да се развијат како читатели.

Наставни платформи со разни содржини
Особено корисни за повозрасните, мотивирани ученици, или за учење со активно вклучување на старателите

Alison: Бесплатни интернет-курсеви за различни предмети. Достапни преку компјутер. Достапни јазици: англиски, шпански, француски, италијански и португалски. Пристапете тука: https://alison.com/

Coursera: Интернет-курсеви што ги држат наставници од признати универзитети и од познати компании. На мобилни уреди и компјутери. Повеќето курсеви се на англиски. https://www.coursera.org/

EdX: Бесплатни интернет-курсеви на образовни институции од светот. Достапни на мобилни уреди и компјутери преку Apple store, Google Play. Повеќето курсеви се на англиски. https://www.edx.org/

EkStep: Отворена наставна платформа со збирка ресурси за писменост и математика. На мобилни уреди и компјутери. Достапна на Google Play. Главно на англиски јазик. Учениците пристапуваат до интерактивни содржини. Повеќе информации се достапни на: https://ekstep.in/

Khan Academy: Бесплатни интернет курсеви, предавања и вежби. На мобилни уреди и компјутери. Достапни на Google Play, App Store, Amazon App Store. Повеќе јазици. Повеќе информации се достапни на: https://www.khanacademy.org/

Kolibri: Дигитална платформа со отворен код наменета за заедници со ограничени ресурси, која функционира и без пристап до интернет. Пристап преку компјутер. Повеќе јазици. Повеќе информации се достапни на: https://learningequality.org/kolibri/

Вештини на програмирање: Постојат бројни бесплатни интернет-ресурси за деца и млади преку кои тие може да учат ИКТ и програмирање. Ги има за различни возрасти (дури и за предучилишна возраст), како и за учење на разни програмски јазици. На веб-страницата на IT Girls (ИТ Девојки) може да најдете листа со достапни ресурси: http://itgirls.ba/postani-it-girl/

Други препорачани ресурси

УНЕСКО препорачува користење на разни отворени образовни апликации и платформи со кои се олеснува учењето и се овозможува социјална интеракција и внимание, а кои се достапни на повеќе јазици. Целосната листа може да ја најдете тука: https://en.unesco.org/themes/education-emergencies/coronavirus-school-closures/solutions

Слични содржини