МОН: Светска банка стои зад заложбите вклучени во новата концепција за основно образование

Со оглед на препораките на Светска банка во последниот напис, предложените реформи во основното образование се комплетно по нивните препораки.

Имено, Светската банка има заложба за подобар образовен систем, во кој фокусот ќе биде ставен на учениците, но и наставниците ќе добијат поддршка, како и подобрување на училиштата, односно условите во нив, а со тоа ќе биде создаден инклузивен пристап, посочија денес од Министерството за образование и наука.

Оттаму, уште еднаш потенцираа дека по препорака на Светската банка, новата концепција предвидена за основното образование ќе овозможи критичко размислување кај децата, како и знаење низ различни дисциплини низ интеграција на предмети.

„Преку наставната програма учениците мора да се стекнат со вештини што им се потребни за да се развие нивното критичко мислење, како и да бидат активни и релевантни учесници во општествениот живот. Исто така, треба да им се помогне на учениците подобро да ги поврзат различните предмети и да го применат своето знаење во реални ситуации. Процесот на учење треба да биде организиран на начин што овозможува да им се слушне гласот на сите ученици и врз основа на повратните информации, да бидат свесни за постапките што ги презеле, стои во документот на Светска банка“, се наведува во соопштението од ресорното министерство.

Како што потенцира и СБ, ваквиот пристап на образовен процес ќе донесе големи резултати, обука за последователните образовни процеси, како и значителен развој на човечкиот потенцијал.

„Наставниците се срцето на процесот на учење и треба постојано да се поддржуваат и зајакнуваат. Оваа поддршка значи овозможување за напредување во кариерата како основа за градење капацитети и обезбедување постојан професионален развој, така што ќе можат подобро да ги утврдат и да ги разберат потребите за учење на учениците, особено на оние во ризик. Сите овие чекори треба да им помогнат на наставниците да станат подобри и поефективни едукатори – стои во белешката на Светска банка“, информира МОН во соопштението.

Исто така, од министерството додаваат и дека во сите овие елементи, кои се дел и од предложената реформа за основно образование, според Светска банка ќе се намалат последиците од КОВИД-19 врз образованието, а кризата ќе се искористи како можност за напредок.

Слични содржини