МОН: Во тек е постапката за исплата на субвенциониран студентски оброк

од Stefanija Kuzmanovska

Налогот за исплата на средства по основ на субвенциониран студентски оброк е доставен до Министерството за финансии на понатамошно постапување.

Комисија во рамки на Министерството за образование и наука изврши проверка на апликациите на студентите од аспект на исполнетост на условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, преку компарација со податоците пристигнати од другите надлежни институции – УЈП, АВРМ, ФПИОМ, МВР и сите универзитети.

„Секој студент кој ги исполнил условите, ќе добие средства за два и пол месеци, односно за половина септември и за октомври и ноември. Потсетуваме дека на повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнаа над 31 илјада апликации“, соопштуваат од МОН.

Слични содржини