МОН за лажните дојави за бомби: Прекините на наставата не одат во прилог на правилен развој на учениците

од Nikola Popovski

Училиштата се и ќе останат средина во која учениците ќе се чувствуваат безбедно и ќе го развиваат својот потенцијал преку непречена и квалитетна реализација на воспитно – образовниот процес. МОН го осудува секој обид за попречување и прекин на наставата, одвлекување на вниманието на учениците и наставниците од реализацијата на секојдневните училишни, односно работни обврски и создавање непотребни грижи за нивната сигурност во училниците, велат од Министерството за образование и наука после лажните дојави за бомби во неколку средни училишта во Скопје.

Од таму апелираат до училишните раководства да го подигнат нивото на безбедност во училишните објекти и да продолжат со организација на воспитно – образовниот процес.

-Локалните самоуправи под чија и надлежност се основните општински и јавните средни училишта, МОН и МВР секогаш излегуваат во пресрет кога е потребна било каква дополнителна поддршка, затоа што сите делуваме во насока на заштита на најдобрите интереси на учениците и воопшто на младите, стои во соопштението на МОН

Министерството се надева дека од страна на соодветите органи ќе бидат пронајдени и санкционирани час поскоро.

 

Слични содржини