МОН: Законот за дигитални учебници по јавната дебата ќе биде вратен во Собранието

од Nikola Popovski

Владата го повлече од Собранието Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основното и средното образование, а од Министерството за образование и наука наведуваат дека ќе биде ставен на јавна дебата со граѓани и групи заинтересирани да учествуваат со сугестии во конечното креирање на законското решение.

– Предлог-законот ќе биде повторно достапен за јавна дискусија и за вклучување на оние поединци, групи и здруженија на граѓани кои не успеаја досега да се произнесат и да дадат свој предлог или сугестија за усвојување на најдобрата верзија во интерес на поквалитетен воспитно-образовен процес, по што конечниот текст на законот, кој ќе се креира по целосно исцрпување на придобивките од јавната дебата, ќе биде доставен во Собрание, велат од МОН.

Од Владата потенцираат и дека Министерството за образование и наука сепак ќе продолжи со имплементирање на планот за реформа на основното образование, согласно кој, предвидените новини се воведуваат етапно со почетокот на новата учебна година, во прво и четврто одделение.

„Новите наставни програми за прво и четврто одделение се веќе усвоени и јавно достапни, со што сите дезинформации и шпекулации врзани за нивната содржина, а креирани од одредени центри, најчесто од сферата на политиката, беа целосно демантирани, исто како и лажните вести врзани за Концепцијата. Во меѓувреме, врз основа на новите наставни програми се изработуваат и нови материјали за учење, при што оние за прво одделение ќе бидат готови до крајот на јули по што ќе следи дистрибуција до училиштата., додека за четврто одделение ќе бидат готови во првата половина на август и тие ќе добијат и дигитална верзија“, додаваат од Владата.

Новите наставни програми за прво и четврто одделение се веќе усвоени и јавно достапни, се изработуваат и нови материјали за учење, при што оние за прво одделение ќе бидат готови до крајот на јули по што ќе следи дистрибуција до училиштата, додека за четврто одделение ќе бидат готови во првата половина на август и тие ќе добијат и дигитална верзија.

Информацијата за повлекување на законот од собраниска процедура ја објави граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ од каде што почнаа со собирање потписи за референдум преку кој бараа повлекување на законот. Вчера на својата фејсбук-страница објавија допис од спикерот Талат Џафери, кој ги информирал дека Владата го повлекла законот.

Слични содржини