Монако продава 30 фудбалери

од Vladimir Zorba

Фудбалскиот клуб Монако ќе биде принуден да продаде 30 фудбалери ова лето, пренесува Агенцијата Франс-Прес.

Францускиот клуб има дури 60 играчи под договор, од кои повеќето досега биле на позајмица.

Монако нема да игра на европската сцена следната сезона, така што буџетот значително ќе се разликува во однос на претходните години.

Затоа, со продажба на половина од составот, челниците на клубот планираат да заработат 50 милиони евра, кои ќедојдат одлично поради кризата со коронавирусот.

Слични содржини