Мончи одбил да стане спортски директор на Манчестер Јунајтед

од desk4

Раководството на Манчестер Јунајтед упатило понуда кон спортскиот директор на Рома, Мончи да се пресели на „Олд Трафорд“ и да се занимава со истата дејност, тврдат „Дејли Мејл“ и „Дејли Експрес“.

Сепак трансфер гуруто го одбил предлогот и е сакал да остане во италијанскиот тим, каде работата е далеку помирна од онаа во Премиер лигата на Англија. Идејата на одборот на директори била Мончи да му помага на Жозе Мурињо да се справи со тензиите покрај трансферите кои клубот ги планира.

Во моментов фаворит за оваа улога е Пол Мичел, кој работи во германски Лајпциг, а пред тоа бил дел и од Тотенхем, Саутемптон и МК Донс.

Првиот избор пред тимот сепак бил Мончи кој неодамна ја зазеде улогата во Рома, а пред тоа беше спортски директор на Севиља од 2000 година до 2017 година.

Слични содржини