Монфис ја одбрани титулата во Ротердам

од Vladimir Zorba

Французинот Гаел Монфис втора година по ред ја освои титулата на тенискиот турнир во Ротердам (Холандија), со награден фонд од 2,155 милиони евра.

Број 3 во шемата, Монфис го победи канадскиот тинејџер Феликс Оже-Алиасим со 6-2, 6-4 во 86 минути игра.

Од 2016 година, Французинот има 14 победи на 15 натпревари во Ротердам. Единствениот натпревар што го загуби беше во финалето во 2016 година од Мартин Клижан.

За Французинот, ова е втора титула во сезоната и десетти трофеј на АТП турнирите, откако одигра вкупно 31 финале.

Слични содржини