Моника Белучи снимена со поранешниот сопруг во Италија

од Vladimir Zorba

Актерката Моника Белучи е фотографирана со своите ќерки и поранешниот сопруг Винсент Касел во ресторан во Италија за време на вечерата

Моника Белучи и Винсент Касел останаа во коректна врска по разводот, иако странските медиуми шпекулираат дека не се согласуваат многу добро. Сепак, заедничките фотографии од Италија докажуваат дека тие двајца функционираат добро.

Италијанската актерка и славниот Французин поминаа десет дена во Италија со своите ќерки Дева (15) и Леони (10). Тие беа фотографирани во познат ресторан како уживаат во вечерата, а причината за собирот беше прилично посебна.

Нивните наследници се снимаа на езерото Комо во Италија за нова кампања за модната куќа „Долче и Габана“, со која славната Италијанка соработуваше на почетокот на нејзината манекенска кариера, и учествуваше неколку години во нејзината контроверзна кампања покажувајќи ја врската помеѓу модата и религијата.

Дева е вклучена и во актерството, а во областа на модата ги следи стапките на мајка си, откако добила поддршка и од нејзиниот татко, кој и се придружил на сетот.

View this post on Instagram

New🦋 @d.casseluxxi #devacassel #deva #cassel

A post shared by fan Deva ❤ (@cdeva2020) on

Слични содржини