Моника Белучи за првпат јавно го повика својот поранешен сопруг: Се надевам дека ќе почне да се грижи

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанската актерка Моника Белучи (51), која со години живее во Франција, во интервју призна што се мора да прави за нејзините две ќерки за време на карантинот.

Во моментов таа е во самоизолација поради пандемијата на коронавирус и вели дека таа е единствената која се грижи за своите ќерки Деви (15) и Леони (9), за нивното училиште и секојдневниот живот.

Таа се справува сама со сите одговорности околу децата, бидејќи нејзиниот поранешен сопруг, Вансан Касел (53) не е премногу заинтересиран за тоа.

Нејзиниот поранешен сопруг сега е среќно оженет со француската манекенка Тина Кунаки (23), од која е 30 години постар.

Тој неодамна повторно стана татко и се пресели во куќа во близина на Моника.

Моника е тажна поради моменталната состојба бидејќи би сакала нејзиниот поранешен сопруг повеќе да се посвети на семејството, бидејќи според неа, тој не се грижи доволно за заедничките ќерки.

„Се надевам дека Вансан ќе започне да се грижи за сето ова“, рече Моника во интервјуто, а тоа е нејзина прва замерка на неговата сметка во последните неколку години.

Слични содржини