Монструм во Хрватска: Уапсен млад човек кој сексуално злоставувал 31 малолетник

од Nikola Popovski

Загрепската полиција уапси млад човек (21) осомничен дека преку социјалните мрежи заведувал и извршил 56 кривични дела на штета на сексуалната слобода на 31 малолетничка.

Ова го вклучува подведувањето и силувањето на децата, како и нивното искористување за порнографија.

Полицијата соопшти дека во текот на септември и октомври во соработка со колегите од Вараждин и загрепското жупаниско државно обвинителство ја спровеле оперативната акција „Немезида VII“, со која е утврдено дека 21-годишникот извршил 56 кривични дела на повреда на сексуалната слобода.

Тој е осомничен дека, користејќи социјални мрежи и апликации за споделување содржини, извршил кривични дела подведување дете, силување, сексуална злоупотреба на дете помало од 15 години, експлоатација на деца за порнографија, проституција, закани, воведување деца во порнографија и привлекување на децата да ги задоволат сексуалните потреби.

Полицијата го товари дека наведените кривични дела ги сторил на штета на 31 малолетно лице и четири полнолетни женски лица, како и едно кривично дело неовластено користење на лични податоци на штета на полнолетно машко лице.

Минатиот четврток 21-годишникот беше предаден на надзорникот на притворот, а на предлог на загрепското обвинителство, истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб му одреди едномесечен истражен притвор.

Слични содржини