Монструозна тортура: Кланот на Беливук ѝ праќал фотографии на една мајка од нејзиниот убиен и масакриран син

од Nikola Popovski

Слики од масакрот и осакатувањето на висок член на Шкаљарскиот клан, М.Р. (31) од Црна Гора биле испратени на мобилниот телефон на неговата мајка.

Мачењето на овој човек од Цетиње траело со денови, а потоа бил убиен. Според оперативните податоци на српските безбедносни служби, зад ова злосторство стојат Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, осомничените водачи на белградската криминална група, кои тоа го сториле по наредба на членот на Кавачкиот клан, Радоје Звицер, нивниот вистински лидер, пишува српски „Новости“.

Оперативните информации покажуваат дека младиот човек од Цетиње се наоѓал во странска земја и дека Беливук и Миљковиќ дошле кај него врз основа на упатствата од Радоје Звицер, кој во тоа време бил во Украина.

Пред неколку дена, за ова зборуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Убија многу, многу луѓе. Можам да ви откријам дека на мајката на еден од убиените ѝ испратиле слики од нејзиниот масакриран и осакатен син. Треба да имате во предвид за какви чудовишта станува збор!“, изјавил Вучиќ.

Слични содржини