МОНСТРУОЗНО УБИСТВО: Мигранти осомничени дека дрогирале, силувале и задавиле девојче

од Stefanija Kuzmanovska

Вчера во Обвинителството беа сослушани двајца мигранти од Авганистан, на возраст од 16 и 18 години, кои се осомничени за дрогирање, силување и потоа задавување девојче (13) во близина на Виена.

Според медиумите, помладиот решил да се брани со молчење, додека постариот цело време ги негирал злосторствата за кои е обвинет.

Тие се осомничени дека намамиле девојче (13) од Долна Австрија во стан ноќта помеѓу петокот и саботата, каде ја дрогирале, а потоа брутално ја силувале и задавиле. По ужасното злосторство, телото на девојчето било изнесено од станот и оставено на зелена површина потпрено на дрво.

Телото го пронашле минувачите во саботата, околу 7 часот наутро, а веднаш била повикана полиција. За жал, немало спас за девојчето. Беа забележани бројни модринки на вратот и градите на девојчето, а обдукцијата покажа дека смртта настанала од задушување.

Според властите, се верува дека девојчето ги познавало осомничените од порано, но не е познато како ги запознала и како и зошто дошла во Виена.

За време на испрашувањето, постариот Авганистанец наводно рекол дека девојчето доброволно дошло во неговиот стан.

Нејзиното тело беше идентификувано дури во неделата, кога семејството се јави во станицата откако полицијата ги објави деталите за облеката што ја носела жртвата.

Министерот за полиција рече дека е шокиран од убиството на детето и откри дека се приведени Авганистанците кои претходно ѝ биле познати на полицијата. Постариот осомничен веќе е приведен за кривични дела, а тој беше обвинет за насилство и трговија со дрога. Тој веќе требаше да биде депортиран во Авганистан, но тој ја обжали пресудата, поради што депортацијата беше одложена до конечната одлука на судот.

Слични содржини