Монтгомери бара задолжителна вакцинација против коронавирус во Германија

од Aleksandar Petrovski

Претседателот на Светскиот сојуз на лекари Франк Улрих Монгомери се залага за воведување на задолжителна вакцинација против коронавирусот во Германија.

-Бев за задолжителна вакцинација против сипаници. Така сум и за вакцинација во овој случај, изјави пред германските медиуми.
Германската влада порачува дека нема да биде воведена задолжителна вакцинација што повторно го потврди заменик портпаролот на владата Улрике Демер.

Монтгомери ја повика владата да ги преземе сите законски мерки да не мора најмногу да плаќа оној кој прв ќе се вакцинира.

Исто така истакна дека прво мораат да се вакцинираат станарите во старечките домови и вработените во тие установи и болници.

-Стравувам дека во оваа земја може да се формира црн пазар, вели тој додавајќи дека постои проблем што голем број на граѓани нема да сакаат да се вакцинираат, а тие претставуваат опасност по другите ако се заразат.

Слични содржини