Морачанин: Интересот на граѓаните мора да биде пред профитот

од Andreja Salpe

Пратеничката од ДОМ Маја Морачанин во гостување во емисијата 24 анализа на телевизија 24 истакна дека урбанистичкиот градежен експансионизам мора да сопре и дека интересот на граѓаните мора да биде пред профитот.

„Во таа насока она што ние сме го сработиле како ДОМ во Собранието е усвојувањето на законот за урбано зеленило, а се донесе и нов закон за урбанистичко планирање. Во законот за урбано зеленило децидно стои дека мора да се обезбеди минимум 20% зеленило на градежна парцела.” – истакна Морачанин

 

Слични содржини