Морачанин: Преложениот Изборен законик ги фаворизира четирите најголеми партии

од Vladimir Zorba

Преложениот Изборен законик ги фаворизира четирите најголеми партии од позиција и од опозиција. За независни кандидати предлага праг од 2% од вкупен број избирачи, а за отворените листи 3%. Со ова се оневозможува влез на независни кандидати во советите и се губи целта на отворените листи, сподели претседателката на ДОМ, Маја Морачанин на својот Фејсбук профил.

Четирите најголеми партии ќе си поделат по 45% за двете опозициски и 45% за двете партии на власт, а за сите други помали партии, вонпарламентарни партии и независни кандидати, се предлага вкупно 10% од буџетските средства наменети за кампања.

Во интерес на демократијата неопходно е амандманите што ги поднесов да бидат прифатени, додава таа.

Слични содржини