Морачанин: Струјата треба да биде скапа за да ја штедиме

од Берта Китинска

Мојот став е сосема поразличен. Јас сметам дека електричната енергија не требада биде евтина, затоа што ако струјата е евтина, тоа доведува до поголема потрошувачка, а ние треба да ја штедиме електричната енергија, рече денеска Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, од собраниската говорница.

Таа истакна оти се согласува дека во овој момент заради корона кризата и јасната социоекономска криза како во светот така и кај нас се потребни можеби вакви стимулативни мерки и поддршка за граѓаните за да не го почувствуваат тој удар, и во таа насока рече дека ќе го поддржи законот.

Слични содржини