Морачанин: За нас е многу важно кои се визиите за новиот премиер и Влада

од Vladimir Zorba

„Не, ние нема да инсистираме тоа е одлука на премиерот, тоа е негов личен став од морални, етички причини кој што вчера го соопшти на јавноста. За нас е многу важно и очекувам и затоа да разговараме денес, кои се визиите за новиот премиер, за новата Влада, бидејќи со заминување на премиерот и целата Влада практично паѓа“, изјави лидерката на ДОМ, Маја Морачанин од пред Влада.

„Да видиме која е идејата и кои се очекувањата и она што сме денес повикани да поразговараме сите заедно, нели лидерите на политичките партии кои што се дел од парламентарното мнозинство и многу е важно клучен проект да е програмските определби на евентуално новата идна Влада за што ќе се залага и што ќе бидат приоритетите.“, додаде таа.

Слични содржини