Морачанин за Резолуцијата: Текстот е коректен, нема ништо спорно

од Nikola Popovski

„Сакам да има национален консензус по ова прашање и затоа ја поддржуваме резолуцијата“, изјави лидерката на ДОМ, Маја Морачанин во гостувањето на дневникот на ТВ Сител, коментирајќи за предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во преговорите со Бугарија.

Според неа, текстот е коректен, во насока на евроинтеграциите на Македонија и нема ништо спорно.

„Тоа е драфт-верзија, подложна е на дополнување, измени и корекции. Ми се допаѓа што е пратеничка иницијатива и очекувам да помине со консензус“, истакна Морачанин.

Слични содржини