Мората: Mи се закануваат и сакаат моите деца да бидат мртви

од Vladimir Zorba

На Алваро Мората не му оди на ова ЕУРО. Точно, тој постигна гол, но исто така се изнапромашува против Шведска и Полска. Потоа промаши пенал против Словачка при 0-0.

Настапите на Мората не им се допаѓаат на шпанските навивачи кои, по Полска, му испратиле сериозни закани.

– После мечот со Полска не можев да спијам. Добив толку многу закани, навреди кон членовите на моето семејство, пораки во кои ми пишуваат дека се надеваат дека моите деца ќе умрат … Но, сега сум добро. Можеби ова ќе ме уништеше порано, рече тој за „Кадене Копе“.

– Разбирам дека ме критикуваат дека не постигнав гол, но сакам луѓето да се стават во моја позиција. Тие немаат идеја како е да се примаат закани како мене, да читаат „Се надевам дека твоите деца ќе умрат“ … Кога ќе се случи трагедија, тие ќе речат: „Беше тоа прекрасно дете“. Секојпат кога ќе влезам во соблекувалната, го ставам мобилниот телефон на другиот крај од собата. Она што најмногу ми пречи е она што тие и го велат на мојата сопруга, моите деца. Ним им се кажуваат и сите овие ужасни закани и навреди.

Покрај тоа, навивачите дури го исвиркуваат Мората и при загревање.

– Имам две опции: или молчи или кажи сè. Сè што ќе кажам повторно е погрешно протолкувано. Но, јас го давам својот живот за репрезентацијата. Ако ги победиме Шведска или Полска со 3:0, ќе добиевме овации, истакна напаѓачот.

Се уште нема овации за Шпанците, кои по групната фаза веројатно уште помалку навивачи ги гледаат на европскиот трон, до кој ќе треба да стигнат преку Хрватска во осминафиналето. Сепак, Мората не гледа причина за такво нешто.

– Мислам дека не сме под Германија, Франција или Португалија. Би потпишал да не играм повеќе, само да бидеме шампиони, додаде тој.

Слични содржини