Мората на лето ќе бара нов тим

од Vladimir Zorba

Алваро Мората најверојатно на лето ќе бара нов тим. Напаѓачот сака да остане во Јувентус, иако неговите шанси за настап значително се намалија по доаѓањето на Душан Влаховиќ.

Сепак, „бјанконерите“ немаат намера да платат 35 милиони евра – сумата што е наведена во договорот за трансфер. Тој веќе две години е на позајмица од Атлетико Мадрид на „Алијанц“ стадионот.

Јувентус е подготвен да даде максимални 15 милиони за да ги откупи неговите права.

Според Corriere dello Sport, Арсенал има сериозен интерес за фудбалерот и за него подготвил 30 милиони евра.

Атлетико Мадрид нема да се потпира на него, но нема да брза да одлучува за неговата иднина, бидејќи сака да го продаде по добра цена.

Слични содржини