Морбиден корона-изум: Kартонски болнички кревет што за миг може да се претвори во ковчег (видео)

од Nikola Popovski

Картонски болнички кревет, кој исто така може да послужи како ковчег, може да изгледа премногу морбидно, но може да биде многу практичен, особено во земјите од Латинска Америка кои станаа ново жариште на коронавирусот.

Бидејќи бројот на пациенти расте од ден на ден во земјите од Латинска Америка, тим на дизајнери од Колумбија го смислиле ова решение со цел да се заменат болничките кревети и ковчезите кои очигледно недостасуваат во земјите од Латинска Америка, пренесува Гардијан.

Еквадор, јужниот сосед на Колумбија, е првиот кој претрпе тежок нападод коронавирусот во април. Во тоа време, во градот Гвајакил, биле принудени да ги чуваат телата на жртвите на улиците, затоа што немаше доволно празни гробови и ковчези. Потоа, надлежните почнаа да ги делат картонските ковчези, во кои семејствата можеа да ги чуваат остатоците од починатиот до погребот.

За жал, другите земји во регионот сега се соочуваат со истата ситуација. Бразил е веднаш зад САД по број на болни и мртви, а цела Јужна Америка стана ново жариште на опасната болест која однесе повеќе од 350.000 животи низ целиот свет.

Прогнозите за Колумбија, кои ќе започнат со олеснување на мерките по два месеци, воопшто не се добри. Во просек, околу 1.000 луѓе се разболуваат на ден, а стотици умираат, што покажува дека карантинот сторил малку за да се помогне во израмнување на кривата.

Колумбија има само 8.000 кревети во единиците за интензивна нега, што е земја со население од 50.000.000, а директорите на болниците веќе предупредуваат дека им недостасуваат кревети, но и опрема.

На социјалните мрежи има многу дебати за „генијалноста на овој проект“. Некои велат дека идејата е феноменална, но во исто време и застрашувачка.

Слични содржини