Морбидни сцени во Бергамо: Конвој камиони ги носи телата на починатите од коронавирус (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Коронавирусот продолжува да одзема човечки животи. Смртоносниот вирус најсилно ја погоди Италија, при што досега настрадаа дури 7.503 лица, а 74.386 се заразени.

Властите во Италија презедоа драстични мерки за да го спречат ширењето на коронавирусот. Поради тешката состојба, италијанскиот премиер Џузепе Конте донесе декрет со кој целата земја е под блокада. На луѓето им е забрането без дозвола да го напуштат домот, освен да одат на шопинг за намирници, средства за домаќинство или лекови.

Бројот на жртви се зголемува од ден на ден, а според извештаите на медиумите, крематориумите постојано работат, а жртвите се превезуваат со камиони. Така на социјалните мрежи се појави видео од колоната на товарни возила во Бергамо кои превезуваат тела на луѓе кои ги загубија животите по борбата против коронавирусот.

Зошто во Италија многу луѓе умираат од коронавирусот?

Според експертите, ова се случи затоа што првиот пациент кој бил заразен во земјата бил во асимптоматска фаза, односно не покажувал никакви индиции дека е заразен со коронавирусот. Како резултат на тоа, ова предизвикало да се шири инфекцијата без откривање.

Coronavirus, a Bergamo una nuova giornata di lutto: salme portati via da mezzi militari

Публикувахте от Corriere della Sera в Четвъртък, 26 март 2020 г.

Професорот за инфективни болести Масимо Гали од Универзитетот во Милано и директор на инфектиологија во болницата „Луиџи Сако“ изјави дека инфекцијата се ширела „под радарот“ во земјата.

– Италија треба да биде предупредување за сите. Имаме епидемија затоа што едно лице се вратило од жариштето без симптоми и потоа ја проширило болеста. Она што се случи во Италија може да се случи каде било во Европа. Можеби едноставно немавме среќа“, вели Гали.

Умираат и лекари

Уште четири лекари во Италија починаа од коронавирусот, со што вкупниот број достигна 29, соопшти Националната федерација на лекари.

Според нивните информации, над 5.000 медицински работници биле заразени со смртоносниот вирус.
Федерацијата бара од надлежните органи да преземат итни мерки за да им обезбедат на медицинските работници кои се во првите редови на одбраната од коронавирусот соодветна заштитна опрема.

Слични содржини