Московскиот суд го казни Гугл со повеќе од 38 илјади долари поради ЛГБТ пропаганда

од Stefanija Kuzmanovska

Окружниот суд на округот Тагански во Москва го казни „Гугл“ со 38.600 долари затоа што не ги отстранил видеата кои промовираат нетрадиционални сексуални односи, ги покриваат и дискредитираат вооружените сили на Руската Федерација.

„Гугл е прогласен за виновен за административен прекршок според член 13.41 од Законот за административни прекршоци на Руската Федерација (неотстранување на забранетата содржина), поради што се изрекува административна казна во износ од три милиони рубљи (38.600 долари), изјави судијата Тимур Вахрамејев.

Протоколот беше изготвен од Роскомнадзор, кој испратил на „Гугл“ девет известувања за отстранување од Јутјуб неколку видеа за „геј свадби“, „геј места за одмор“ и слично, како и видеа за покривање и дискредитација на вооружените сили на Руската Федерација во зоната на специјални воени операции. После тоа, одделот составил протокол против компанијата, пренесува РИА Новости.

Слични содржини