Москва ѝ се закани на американската амбасадорка со протерување на персоналот

Невладини организации поддржани од Вашингтон во Русија, наводно, регрутираат агенти под маската на образовни и културни проекти

од Бети Божиноска
275 прегледи

Американските дипломати кои работат во Русија, а кои би сакале да соработуваат со одредени невладини организации (НВО) кои Москва ги назначи како непожелни, може да бидат протерани од земјата, ѝ посочи денеска руското Министерство за надворешни работи на амбасадорката на САД, Лин Трејси, пренсува РТ.

Американската амбасадорка била повикана во министерството за да ја известат за променетиот правен статус на три организации кои имаат поддршка од амбасадата што таа ја води, се вели во соопштението.

Русија тврди дека овие невладини организации работат на „проекти од антируска природа, кои имаат за цел да регрутираат ‘агенти на влијание’ под маската на образовни и културни размени“.

На амбасадорката Трејси ѝ беше врачена формална нота во која се бара Амбасадата на САД да ги прекине сите врски со овие забранети групи. Меѓу другото, на нејзината веб-страница и на социјалните медиуми треба да бидат отстранат сите споменувања на трите НВО.

„Москва ќе дејствува за да спречи секакви субверзивни дејствија и ширење дезинформации, вклучувајќи и прогласување на персоналот на амбасадата за персона нон грата ако го прекршат рускиот закон“, се нагласува во соопштението на руското МНР.

На организацијата што се смета за „непожелна“ во Русија ѝ се суспендираат многу права – не смее да отвора канцеларии во земјата или да го користи нејзиниот финансиски систем и не може да објавува ништо под своето име. На поединци и субјекти им е забрането да прават каков било бизнис со такви групи во која било руска јурисдикција.

Списокот на непожелни организации го води руското Министерство за правда. Тековната верзија на списокот објавен на нивната веб-страница содржи 146 организации и последен пат беше ажуриран во средината на февруари.

Слични содржини