Москва: Ќе одговориме на протерувањето на руските дипломати од Австрија

од Stefanija Kuzmanovska

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека Москва ќе одговори на одлуката на Австрија да прогласи четворица руски дипломати за персона нон грата.

Руските дипломати добија рок да ја напуштат Австрија до 8 февруари.

„Ќе одговориме на адекватен начин“, велат од руското Министерство.

Да потсетиме, Австрија протерува четворица руски дипломати поради, како што се наведува, однесување кое не е во согласност со меѓународните договори. Тие работеле во руската амбасада во Австрија, додека другите двајца работеле во руската мисија во Обединетите нации во Виена, соопшти австриското министерство.

По започнувањето на руската специјална воена операција во Украина, голем број земји протераа руски дипломати. Меѓу нив се: балтичките земји, Словенија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска, Данска и Романија.

Претходно Европската унија објави дека прогласува 19 вработени во постојаното претставништво на Русија во ЕУ за персона нон грата. Од своја страна, Москва вети соодветен одговор.

Слични содржини