„Москва“ бил погоден од ракета на НАТО: Шокантно тврдење на поранешен советник на Путин

од Nikola Popovski

Сергеј Марков, политички коментатор од Москва и поранешен близок советник на рускиот претседател Владимир Путин, за Би-Би-Си тврди дека легендарниот руски воен брод „Москва“ потонал откако бил погоден од ракета на НАТО што во јануари била пренесена во Украина.

Тој за време на интервјуто за радиото Би-Би 4 призна дека загубата на бродот е неуспех на руската армија, но дека тоа е затоа што Русија се бори не само против Украина, туку и против „коалицијата на големите сили, вклучително и Соединетите Американски Држави“.

Потсетуваме дека крстосувачот „Москва“ потона минатата недела во Црното Море.

Не се целосно јасни точните околности под кои потона крстосувачот „Москва“ долг 186 метри, како и точното време кога тоа се случило. Познато е дека имало експлозија и пожар на бродот на кој имало 510 морнари, но руската и украинската верзија на овој настан драматично се разликуваат.

Имено, Украина тврди дека околу три часот по полноќ помеѓу средата и четвртокот минатата недела, две украински ракети „Нептун“ го погодиле бродот, по што тој почнал да тоне. Исто така, украинската страна тврди дека на бродот имало жртви, па дури и дека загинале и до 300 морнари, но Русија тоа го демантира.

Напротив, Русија тврди дека воопшто нема жртви и дека сите биле евакуирани од бродот по експлозијата на залихи на муниција на крстосувачот, по што дошло до пожар. Русија во ниту една изјава за „Москва“ не го спомна нападот врз Украина.

Фото: Shutterstock Editorial / Profimedia

Слични содржини