Москва е подготвена за дипломатско решение доколку престанат нападите врз нејзиниот суверенитет

од Stefanija Kuzmanovska

Москва е отворена за конструктивни дипломатски напори за решавање на итните проблеми, доколку и кога САД и НАТО ќе покажат дека се подготвени за тоа и престанат да го напаѓаат суверенитетот на Русија, изјави денеска постојаниот претставник на Русија во Канцеларијата на ОН, Генадиј Гатилов.

Говорејќи на седницата на Конференцијата на ОН за нуклеарно разоружување, тој потсети дека петте нуклеарни сили, во заедничката изјава од 3 јануари 2022 година, ја нагласија потребата од взаемно признавање на безбедносните интереси и грижи, како и важноста на дипломатските пристапи да се спречи вооружена пресметка, пренесува ТАСС.

„Ова ќе бара, пред сè, преглед на лабавата архитектура на меѓународната безбедност“, рече Гатилов, додавајќи дека ќе биде неопходно „да се стабилизираат односите меѓу нуклеарните сили кои се постојани членки на Советот за безбедност на ОН и сносат посебна одговорност за мир и глобална безбедност“.

Слични содржини