Москва го прошири списокот на лица од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија

од Nikola Popovski

Москва одлучи да ја прошири листата на претставници на ЕУ на кои им е забранет влез во Русија, водејќи се од принципите на реципроцитет и паритет.

На списокот се наоѓаат шефовите на некои приватни воени компании, како и некои претставници на законодавната и извршната власт во земјите членки на ЕУ, кои имаат лична одговорност за промовирање на антируската политика и спроведување мерки кои ги нарушуваат законските права на руското население и медиумите, соопшти руското МНР.

Министерството ја информираше ЕУ за овој чекор и испрати нота до Делегацијата на ЕУ во Русија.

Одлуката за проширување на списокот на претставници на земјите-членки на ЕУ на кои им е забранет влез во Русија е донесена поради фактот што Европската унија продолжува да води неправедна, деструктивна и бесмислена политика на еднострани ограничувања кон Русија. Друга причина се дискриминаторските одлуки кои ги ограничуваат правата на руските граѓани и организации.

Москва исто така му предлага на Брисел да се откаже од санкциите против Русија и нејзините сојузници, кои очигледно водат во ќорсокак, соопшти руското МНР.

Европската служба за надворешни работи вечерва соопшти дека жалат поради одлуката на Москва да го прошири списокот на лица на кои им е забранет влез во Русија.

Според соопштението, ќе бидат преземени соодветни мерки бидејќи одлуката нема реална основа.

Слични содржини