Москва ја истражува можноста за намерно соборување на авионот на Пригожин

од Stefanija Kuzmanovska
339 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека руските власти истражуваат различни верзии за падот на авионот во кој се наоѓал основачот на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, вклучувајќи ја и можноста авионот да е соборен.

„Очигледно е дека има различни верзии, меѓу кои е и онаа за намерно соборување“, рече Песков на прес-конференција, пренесува РИА.

Тој нагласи дека треба да се почекаат заклучоците од истрагата на Истражниот комитет на Руската Федерација.

Слични содржини