Москва: Крајот на операцијата ќе биде кога ќе престанат заканите на НАТО од Украина

од Vladimir Zorba

„Специјалната воена операција на Русија ќе заврши кога НАТО ќе престане да ја користи украинската територија за да и се заканува на Русија“, изјави денеска висок функционер на руското Министерство за надворешни работи, Алексеј Полшчук.

„Специјалната воена операција ќе заврши кога ќе се исполнат нејзините цели. Меѓу нив се заштитата на цивилното население во Донбас, демилитаризацијата и денацификацијата на Украина, како и отстранувањето на заканите за Русија кои доаѓаат од украинската територија окупирана од земјите-членки на НАТО“, рече Полишчук, пренесе ТАСС.

Тој додаде дека операцијата „се одвива според планот“ и дека „сите нејзини цели ќе бидат остварени“.

Слични содржини