Москва: Нормализиран сообраќајот на полуостровот Крим

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за транспорт на Руската Федерација Виталиј Савељев денеска соопшти дека товарниот и патничкиот сообраќај на полуостровот Крим е целосно нормализиран по терористичкиот напад.

„Благодарение на добро воспоставената соработка меѓу министерствата за транспорт, одбрана и внатрешни работи, како и безбедносните и федералните агенции, Руските железници, Ространснадзор и колегите од регионот, ситуацијата е ставена под контрола“, рече Савељев.

Во експлозија на камион на 8 октомври на Кримскиот мост загинаа четири лица, а оштетен беше дел од мостот.

Слични содржини