Москва: Повеќе од 60 000 доброволци за руската вакцина

од Vladimir Zorba

Повеќе од 60.000 луѓе се пријавиле доброволно да учествуваат во испитувањата на руската вакцина за коронавирус во Москва, изјави денеска градоначалникот на метрополата Сергеј Собјанин.

– Повеќе од 60.000 лица се пријавија доброволно, а илјадници луѓе ги поминаа потребните медицински тестови за да бидат регистрирани како потенцијални кандидати за тестирање – вели Собјанин во интервју за програмата на телевизиската станица „Русија-1“.

Според ТАСС, Собјанин додал дека повеќе од 700 луѓе ја примиле вакцината наречена „Спутник V“ како дел од тестирањето, и дека сите се чувствуваат добро.

Слични содржини