Москва: Пристаништето Мариупол е целосно деминирано

од Nikola Popovski

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека целосно е завршено деминирањето на пристаништето Мариупол на југот на Украина.

Во соопштението се наведува дека биле испитани 134 објекти, а биле пронајдени и неутрализирани повеќе од 12.000 експлозивни предмети и оружје „кои биле напуштени од украински милитанти“, пренесува РИА Новости.

Агенцијата наведува дека во градот се воспоставува мирен живот, почнале да работат јавниот превоз и бензинските пумпи, а отворени се четири од петте болници.

На 20 мај Министерството за одбрана објави дека „целосно е ослободена фабриката за челик Азовстал“, која била последната линија на одбрана на украинските сили во Мариупол.

Според податоците на Министерството, на 16 мај се предале повеќе од 2.400 припадници на украинската војска и на Азовскиот полк, кои околу еден месец биле блокирани во фабриката Азовстал.

Слични содржини