Москва: Протестите во Грузија се обид за државен удар

од Vladimir Zorba

Москва ги обвини странските земји за поттикнување масовни протести во Грузија, велејќи дека тоа е обид за државен удар со цел да се „сее тензија на руските граници“.

Агенцијата „Франс прес“ објави дека рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров посочил дека неколкудневните демонстрации во грузиската престолнина Тбилиси го потсетиле на украинскиот бунт што на крајот ја собори про-Кремљ владата во 2014 година.

Стотици Грузијци се собраа пред парламентот четврти ден, продолжувајќи ги своите повици за проевропска иднина, додека пратениците го отфрлија контроверзниот предлог-закон за „странски агент“ што предизвика насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите оваа недела.

Слични содржини