Мостот на смртта: Како изгледал непосредно пред трагедијата?

од desk2

Мостот Понте Моранди на автопатот А10 кој поминува низ Џенова, поведе во смрт 39 луѓе. Погледнете ги фотографиите од мостот неколку недели пред трагедијата, кои укажуваат на многу лошата состојба во која се наоѓал.

Мостот е еден од поновите примери за нестручност и неодговорност во ланецот на изработка на проектот,дозволите и градбата, кој имаше трагичен исход.

 

Во рушењето на мостот пред два дена животите ги изгубија 39 луѓе, а сцените од ужасот го обиколија светот. Властите соопштија дека сите одговорни за трагедијата ќе одговараат, а многу стручњаци предупредувале дека мостот не е добро направен, предлагале да биде срушен и да биде направен нов. Реновиран е пред две години, но очигледно и тоа не било како што треба.

На друштвените мрежи се појавија фотографии од деновите непосредно пред трагедијата, па заклучокот е дека било само прашање на време кога ќе се случи тоа што се случи.

Слични содржини