Мотивација на денот: Ники СЕДИ ДОМА и помага во борбата против коронавирусот (ФОТО)

од Берта Китинска

Градот Скопје неодамана започна со конкурсот за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните кои го поминуваат времето во изолација сами, со нивните семејства или со милениците.


Пред неколку дена Сузана Стојановска и нејзиниот Ники ја имаа победничката фотографија.

Ники неуморно помага во изработката на заштитни маски кои потоа ги донира.И вие може да помогнете во борбата против коронавирусот со некоја ваша активност или едноставно само седете дома, и тоа е голема помош, беше напишано под фотографијата која може да биде и ваша денешна мотивација за да останете дома и да направите нешто креативно и корисно.

Градот Скопје ги поканува граѓаните да продолжат да ни испраќаат фотографии/видеа/гифови како го поминуваат денот дома. Својата фотографија, видео или гиф граѓаните едноставно треба да ја постават на фејсбук страницата СкопјеДома, користејќи ги хаштаговите #СкопјеДома и #ShkupiNëShtëpi. Тоа е доволно за учество во овој креативен конкурс. Победниците ќе се објавуваат секој ден, на истата фејсбук страница.

Слични содржини