Мото ГП нема да започне во мај

од Nikola Popovski

Сезоната во Мото ГП нема да започне на почетокот на мај, соопштија официјални лица.

Петтата трка за ГН на Шпанија на патеката „Херез“, закажана за 1-3 мај, е одложена на неодредено време заради глобалната пандемија на коронавирус.

– Поради постојаното менување во светот во врска со болеста, сега е невозможно да се утврди кога ќе се одржи Гран при на Шпанија“, се вели во официјалната веб-страница на Мото ГП.

Претходно, стартот на Гран-при во Тајланд, САД и Аргентина беше одложен, како и трката во Катар.

Се очекува да се одложи и Гран-при на Италија и Франција.

Слични содржини