Moto P30 – уште еден обид за копирање на iPhone X

од Vladimir Zorba

Android Pure објавува слики од претстојниот паметен телефон Moto P30, за кој тврдат дека се автентични и насочени кон медиумите. Но ако мислите дека она што го гледате, е „фотошопнат“ iPhone X, нема да сте премногу далеку од вистината.

Сличноста со пионерскиот телефон на Apple е повеќе од поразителна што веројатно е фокусиран потег од страна на Motorola. Тоа сигурно ќе им го улови вниманието на оние кои бараат клон на iPhone X со Android. Сепак, постои една суштинска разлика и таа е присуството на сензор за отпечатоци на задниот панел.

Што се однесува до спецификациите, очекуваме 6,2-инчен дисплеј во сооднос 19: 9, 8-јадрен процесор на Qualcomm, 6 GB RAM меморија и до 128 GB простор за податоци. Задната камера исто така буди љубопитност – таму се зборува за главен 16 MP и секундарен 5 MP сензор, а предната камера е 12 MP.

За финале, батеријата е со капацитет од 3000 mAh и поддржува брзо полнење на 18 W. За моментов датумот на премиерата и можната цена остануваат нејасни, но ќе бидете информирани ако излезат и такви детали.

Слични содржини