МотоГП го повлече бројот 46 во знак на благодарност кон Роси

од Vladimir Zorba

Деветкратниот светски шампион Валентино Роси ќе ја добие почитта, на која веројатно никогаш не се надевал во кариерата.

Имено, за точно две недели, а пред квалификациите за трката во Италија на патеката „Муџело“, МотоГП ќе организира церемонија на која „неговиот“ број 46 ќе биде повлечен од употреба.

Тоа значи дека никој никогаш нема да може да го користи бројот што популарниот „Доктор“ го означи на свој начин.

На церемонијата ќе присуствува и Роси.

Во текот на својата кариера, која траеше речиси три децении, италијанскиот мотоциклист седум пати беше шампион во најсилната категорија, а еднаш во класите до 125 и 250 кубни метри.

Во тој временски период оствари вкупно 115 победи.

Слични содржини