Моторџија тешко повреден во сообраќајка

од Milan1

„Вчера во 11.25 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„АСНОМ“ во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.Ј.(51) од Велес и мотоцикл „јинганг“, управуван од И.И.(56) од с.Бузалково, велешко, двете со велешки регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница во Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес“, информираат од МВР.

Слични содржини