„Можам само да аплаудирам“: Мурињо го пофали раководството на Рома за успехот на трансфер-пазарот

од Vladimir Zorba

„Добивме 5 играчи со ваков квалитет за 7 милиони евра – можам само да аплаудирам“, изјави тренерот на Рома, Жозе Мурињо на првата прес-конференција по освојувањето на трофејот во Конференциската лига.

Клубот од Рим се засили главно со слободни играчи – Немања Матиќ, Пауло Дибала, Миле Свилар, како и Холанѓанецот Џини Вајналдум кој дојде од ПСЖ со опција за откуп. Рома плати 7 милиони евра само за турскиот дефанзивец Зеки Челик кој дојде од Лил.

„Само Лече и Сампдорија имаат потрошено помалку од нас во Серија А. Лацио потроши 39 милиони евра“, потенцираше португалскиот стручњак.

Мурињо се уште жали за заминувањето на двајца играчи кои беа важни за тимот. Хенрик Мхитарјан се пресели во Интер, а Џордан Верету во Олимпик Марсеј.

„Среќен сум. Но, ако ме прашаат дали ми треба нешто повеќе, за да имаме повеќе можности во текот на сезоната, да, ми треба”, прокоментира тренерот.

„Ние го подобруваме нашиот тим, но и другите. Затоа сум изненаден што не рангираат меѓу претендентите за титулата. Ми се чини дека продаваме производ кој не е реален. Вистината е дека сакаме да се претставиме подобро – особено во првенството, каде минатата сезона завршивме шести. Но, да бидеме мирни, да работиме“, повика тој.

Рома ја започнува сезоната со гостување кај Салернитана.

Слични содржини