Можат ли ушите да станат „клемпави“ од заштитната маска

од Stefanija Kuzmanovska

Не, ушите нема да станат клемпави од носењето маска, но факт е дека кога ги носиме цел ден, тие почнуваат да стегаат и создаваат иритации. Како да се избегнат овие непријатности?

Како да спречите непријатно чешање и иритација на кожата откако ќе носите маска неколку часа?

Првата работа е да ја замените маската со еластичен опсег со онаа што се врзува со две ленти.

За девојките, тука е и фризурата со пунџи од двете страни на кои може да се закачи еластичниот опсег, а ако тоа е премногу за вас,  и обична пунџа може да послужи за да се намести еластичната лента.

Веројатно најлесниот начин да се избегне чешање и стегање од маските е едноставна штипка за коса со кој можете да ги прицврстите лентите од маската за косата.

 

Слични содржини