Може ли да имаме доверба во новата криптовалута Libra на Facebook?

од Vladimir Zorba

Вчера Facebook претстави повеќе од 100 страници на информации за новата криптовалута наречена Libra, која речиси веднаш се сретна со отпорот од демократите во САД и многу интернет корисници.

Информациите во документите се доста обемни и збунувачки на места – не само за обичните луѓе кои не разбираат што се криптовалути, туку и за политичарите во Америка.

Идејата на Facebook е да им даде на „милијарди луѓе ширум светот“ можност да испраќаат пари и да вршат плаќања брзо и без непотребни давачки, а планот е Libra да биде пуштена во почетокот на 2020 година.

Од информациите презентирани од Facebook, јасно е дека компанијата очекува да се соочи со негодувањето на многумина, со оглед на скандалите во кои платформата се вмеша во последниве години, пишува The Verge.

Главниот секретар на Министерството за финансии во САД, Максин Вотерс го повика Конгресот да го блокира воведувањето на Libra, велејќи дека „платформата има премногу моќ и влијание, кои претходно ги користела за експлоатација на корисници“.

Вотерс нагласи дека државните власти не треба да дозволат користење на криптовалутата пред да бидат сигурни дека ја разбираат шемата на Зукерберг и деталите околу неа.

Според неа, Libra може да има „невиден ефект врз глобалните финансиски системи“, и не е мудро да му се дозволи на Facebook да контролира слична иницијатива.

Се уште е нејасно дали ќе има формален состанок на Конгресот за прашањето, за каков повикува Вотерс.

Слични содржини