Може ли респираторите да ја влошат состојбата на пациентите со коронавирус?

од Vladimir Zorba

Сите веќе сме доволно исплашени од можна зараза со коронавирусот, но кога ќе слушнеме дека некој е на механичка вентилација, тоа е како веднаш да го „отпишуваме“. Веќе од лекарите сме слушнале дека сите пациенти кои се на респиратори, се во животна опасност.

Бидејќи КОВИД-19 продира длабоко во белите дробови и предизвикува сериозно воспаление, отежнувајќи го дишењето, механичката вентилација за пациентот е единствен спас. Сепак, многумина се бунат дека споменатите машини им прават повеќе штета отколку добро, според „Дејли мејл“.

Внесување на кислород под притисок во белите дробови може да ги иритира органите и дополнително да ги оштети.

Д-р Пол Марик, шеф на медицината во Источна Вирџинија, рече дека ова е „магичен круг“ за пациенти со коронавирусот.

Скот Вајнгарт, лекар за итни случаи во Њујорк, рече дека состојбата на пациентите со коронавирус се влошува „како директен резултат на интубација“.

Тој додаде: „Високите нивоа на сила и нивото на кислород, и обидот да се врати нивото на кислород во нормала, можат да ја зголемат повредата на белите дробови. Би направил сè што е во моја моќ за да избегнам интубирање на пациенти“.

Дали респираторите можат да наштетат на белите дробови?

Вентилаторите со механички притисок пумпаат кислород директно во белите дробови преку цевка што се вметнува низ грлото.

„Туркањето“ кислород под притисок во органите може да предизвика тие да бидат екстремно воспалени. Тие се иритирани што предизвикува агресивни имунолошки реакции, што резултира со воспаление.

Многу високи нивоа на кислород се исто така штетни бидејќи го зголемуваат формирањето на слободни радикали, што доведува до оштетени мембрани, протеини и клеточни структури во белите дробови.

Лекарите обично го заобиколуваат ова осигурувајќи се дека нивото на притисок е ниско и давање само доволно кислород за одржување на органите.

Но, кај пациенти кои веќе имаат сериозно оштетување и пневмонија, можат да се влошат проблемите.

Воспалението може да предизвика течност од околните крвни садови да истекува во мали кесички воздух во белите дробови, што го отежнува дишењето и носењето кислород до органите.

„Податоците од Кина сугерираат дека раната интубација ќе спречи да се уништат срцето, црниот дроб и бубрезите на 19 пациенти како резултат на хипоксија (застој на кислород)“, рече овој доктор.

Постои распространето верување дека на пациентите со коронавирусот им е потребна една недела или две за да „стигнат до респиратор“, т.е. нивната состојба да стане толку тешка што мора да бидат поврзани со механичка вентилација, додека пациентите со пневмонија предизвикани од нешто друго ќе бидат поставени на механички вентилатори во рок од еден или два дена.

Слични содржини